Откако анализираше дека земјите кандидати од Западен Балкан со ова ниво на преговори на Подгорица и Белград ќе влезат во ЕУ за помалку од 150 години германскиот познавач на ЕУ проширувањето и регионот дава предвидување и за Македонија.

Според Михаел Мартенс, долгогодишен дописник на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг на Македонија и Албанија ако веднаш почнат преговори со Европската унија ќе им бидат потребни цели 122 години за да станат членки.

,,Има уште добри вести: ако Македонија и Албанија преговараат со исто темпо како Црна Гора и започнат сега, и двете би можеле да бидат добредојдени како членови на семејството на ЕУ само по 122,5 години од денес. (Во јули 2144 година. Повторно, веројатно втората половина на месецот, бидејќи не треба да брзаме со работите)”, анализира Мартенс во помалку ироничната анализа кој е базирана на бројки и практично искуство на Црна Гора и Србија.