Уште девет починати и 722 нови случаи на корона

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти.