Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 9 часот и 30 минути повторно добиле пријава за дојави за бомби во седум скопски училишта во Скопје меѓу нив и во гимназијата Никола Карев.

Полициски службеници веднаш излегле на терен и се преземаат сите безбедносни мерки за безбедна евакуација и проверка на објектите. На терен се и екипи на антитерористичките служби.


Информациите до сега говорат дека според IP адресите ваквите закани се испраќаат од земји од странство, а случаите се повторуваат на ист начин со испраќање на закани преку електронски пораки на официјалните електронски адреси на училиштата

Според дел од експертите има две објаснувања зошто се прави ова, едно е да се предизвика економска штета на државата, а второто е да се влее недоверба во институциите.

Согласни се дека станува збор за хибридна војна.