Уште 30 дена притвор за Мухамед Зекири

Нови 30 дена притвор му се одредени напоранешниот генсек на владата Мухамед Зеќири, потврди Кривичниот суд во Скопје.

Тој е во притвор во Шуто Оризари од 9 април како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупцијаго сомничи Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.