Уште 18 жртви на коронавирус, нови 472 случаи

Во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19: Од Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г),  Велес (89г),  Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти.