Управен суд не прифати ниедна од 102 тужби на Левица

Управниот суд попладнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, кои оваа партија ги оцени како спорни.

Претходно денеска од Управниот суд, информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на ДИК.