Организацијата за заштита на потрошувачи на Македонија бара власта да ги одстрани сите маски кои се продаваат во продавниците а кои немаат декларација за соодветна употреба.
Во барањето што во име на македонските потрошувачи го испратила до Државниот пазарен инспекторат се наведува дека во интерес на јавното здравје потребно е да се повлечат сите маски кои не гарантираат дека штитат од вируси.
УПОМ бара повлекување и на маските за кои нема декларација дека не предизвикуваат последици по здравјето со долго користење.
Барањето е испратено на 20 октомври но властите досега не објавиле дека се презема нешто за ова прашање.