Еден од албанските интелектуалци кои деновиве дебатирале за федерализација и формирање на Република Илирида во рамки на Република Македонија е професор на универзитетот ФОН во Скопје.
Под раководство на ректорот Љубомир Фрчкоски на овој универзитет кој сега официјално се вика Американски уноверзитет на Европа – ФОН предава професорот Назми Малиќи кој пред неколку дена заедно со повеќе други лица најавија регистрација на политичка партија која ќе се залага за федерализација на Македонија.
Меѓу другите барања, групата во која дебатира и професорот Малиќи се залага и за формирање на Република Илирида која би била република во федеративна Македонија како единствен начин на постигнување на рамноправност на Албанците во земјата.
Универзитетот ФОН раководен од ректорот Љубомир Фрчкоски сѐуште не реагирал и не се оградува од учеството на својот професор во Движењето Илирида кое се залага за противуставно уредување и поделба на унитарна Македонија.
Групата тврди дека според судот може да се регистрира партија која ќе се бори за федерализација на Македонија.
Халили: Албанците ќе бидат рамноправни само преку федерализација на Македонија
Во продолжение биографијата на професорот од ФОН и член на движењето Илирида кој е дел од пропагандниот материјал на дебатата на која се заговарало практична поделба на унитарна Македонија на две федерални единици.
Назми Малиќи е роден на 18 март 1957, во село Станчиќ општина Гнилање, Република Косово, е женет, е татко на пет деца, адреса на постојано живеење Куманово, Република Македонија.
По завршување на средното училиште во гимназија „Гоце Делчев„ во Куманово (1976 година) Високото образование го започнува на академска 1977/1978 година, на Војна Академија во Белград, третата и четврта година на студирањето ги продолжи на Факулететот за Одбрана – Белградски Универзитет по што дипломирал на 11 јуни 1982 година и се здобил со звање Професор по одбрана.
На Филозофски Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи„ – Скопје, е запишан на постдипломски студии на академска 1994 / 1995 година, магистерската тема под наслов „Политичката толеранција во функција на мирот„ ја одбранил на 07 јули 1999 година, и се стекнал со академски степен „Магистер по одбрана и заштита„.
На Инситутот за Социолошки и Правно – Политички Истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методи„ – Скопје, на 12 декември 2001 година, ја пријавил докторската дисертација под наслов „Приближување на Македонија кон НАТО„ и ја одбрани на 04 ноември 2003 година, и со тоа се стекнал со научното звање „Доктор по Политички Науки„.
Oд октомври 2005 година, е ангажиран како визитинг професор на ФОН, Универзитет, по предметите:
Историја на право и Право на Европска Унија;
Наука за политика и
Политички маркетинг и мас медиумите.
Од октомври 2007 година, е во редовен работен однос на Факултетот за Политички Науки при Универзитетот ФОН.
Во академската година 2007/2008, 2008/2009 I 2009/2010 е ангажиран на последипмоски студии при Универзитетот ФОН по предметот „Безбедносни колективни системи и превентивна дипломатија„.
Од септември 2008 до јуни 2011 година бил продекан на Факултетот за политички науки и дипломатија.
Од јуни 2011 е Декан е на Факултет за политички науки и дипломатија на ФОН Универзитет – Скопје
Наставно – научниот совет на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во состав на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 31 март 2008 година, го избра за Вонреден професор по предметите:
Наука за политика;
Политички систем
Меѓународни односи и организации
Безбедносни Системи и разузнување
Сенатот на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 28 март 2013 година, го избрала за Редовен професор по предметите:
Наука за политика;
Политички систем
Меѓунаросни односи и организации и
Политички маркетинг и масмедиумите
Малиќи досега не демантираше дека се залага за федерализација на Македонија и формирање на федерална единица Илирида.