Западот треба да и даде безбедносни гаранции на Русија и да ѝ забрани на Украина да се приклучи на НАТО, изјави во неделата висок унгарски министер во коментари кои веројатно дополнително ќе ги заострат и онака нестабилните односи на Будимпешта со Киев, пишува Политико.

„За да обезбеди траен мир, „западниот свет, кој ја поддржува Украина, мора да и даде безбедносни гаранции на Русија, а дефинитивно „не“ за членство во НАТО на Украинците“, рече Гергели Гуљаш, министер задолжен за кабинетот на премиерот Виктор Орбан.


Неговите зборови се надоврзаа на изјавите унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела дека Западот „треба да склучи договор со Русите за новата безбедносна архитектура за да ја обезбеди безбедноста и суверенитетот на Украина, но не и членството во НАТО“. Тој исто така рече дека Украина нема шанси да победи во војната. Орбан во јуни рече дека Киев „повеќе не е суверена држава“ и дека финансиски „не постои“, што предизвика гнев кај украинските власти.

„Украина не тргува со своите територии или суверенитет“, рече Олег Николенко, портпарол на киевското Министерство за надворешни работи, како одговор на последните коментари на Орбан.