Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде уапсен ако ја посети Унгарија, бидејќи за тоа нема правда основа соопштија денеска од кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) во петокот издаде налог за апсење на Путин обвинувајќи го за воено злосторство за наводната депортација на стотици деца од Украина.
Унгарија го потпиша и го ратификуваше Римскиот статус со кој е формиран овој суд. но, на прашањето дали Путин би бил уапсен кога би дошол во Унгарија, Гергели Гулјаш од кабинетот на Орбан, кажа дека Римскиот статут не е вграден во унгарскиот правен систем.
„Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател бидејќи статутот на МКС не стапи на сила во Унгарија“, кажа Гулјаш.
Исто така кажа дека унгарската влада не зазела став за налогот за апсење на Путин.
„Такви одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат на понатамошна ескалација на конфликтот, а не на мир. Тоа е моето мислење“, додаде Гулјаш.
Малку е веројатно дека Путин, третиот претседател за кој судот издал налог за апсење, некогаш може да заврши во МКС.