Унгарската претседателка Каталин Новак го предупреди НАТО да не се вклучува во конфликтот во Украина, пренесува агенцијата МТИ.
„Треба да се биде прагматичен за конфликтот во Украина, но треба да се размислува и за опстанокот на Европа.
Организацијата на Северноатлантскиот договор треба да се држи настрана од војната, не смее да подлегне на емоциите и да се вклучи во конфликтот“, рече Новак на средба со странските амбасадори кои работат во Унгарија.
Таа ги повика дипломатите да работат прагматично и меѓусебно да ги почитуваат културите.
Русија претходно испрати нота до земјите на НАТО околу испорака на оружје за Украина.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија, а руското Министерство за надворешни работи објави дека земјите од НАТО „си играат со оган“.