Унгарија може да остане без 7,5 милијарди евра од ЕУ фондовите

Ев ропската комисија повика денеска да и се ускратат на Унгарија околу 7,5 милијарди евра од европските фондови поради загриженост за корупција.

Комесарот Јоханес Хан, задолжен за буџет и администрација, рече дека оваа бројка е околу една третина од кохезионите фондови што земјата ги добива од буџетот на ЕУ, пренесува Euro news.


Механизмот, одобрен само неколку недели претходно од Европскиот суд на правдата по предизвиците од Будимпешта и Полска, му дозволува на Брисел да воведе финансиски санкции на земјите-членки „за да го заштити буџетот“ доколку се оцени дека (земјите) ги прекршиле основните вредности на ЕУ.