Унгарија вети дека ќе ги исполни сите услови на Брисел, за да не бидат блокирани милијарди евра во кохезионите фондови, пренесува „Ројтерс“.
Унгарија може да остане без 7,5 милијарди евра од ЕУ фондовите
Министерот за развој Тибор Наврачич, задолжен за преговорите со Брисел, вети дека новите нацрт-закони ќе бидат воведени во парламентот до петок и ќе стапат на сила во ноември.
Тие предвидуваат создавање на работна група за борба против корупцијата независна од владата.
Посебни процедури се предвидени и за поголеми злоупотреби на јавен имот.
Ќе се создаде и судска контрола со која ќе може да се отвораат предмети, дури и ако обвинителството и истрагата сметаат дека нема основа за тоа.
