Унгарија ќе добива руски гас преку Бугарија и Србија, Украина бесна

Руската државна корпорација Газпром и Унгарија склучија договор за снабдување со гас до крајот на 2036 година.

Унгарија ќе прима 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во наредните 25 години.

Од нив, 3,5 милијарди кубни метри ќе доаѓаат преку Бугарија и Србија и 1 милијарда – преку Австрија со што ја исклучува Украина преку која досега транзитираше рускиот гас, а Киев имаше економска корист од тоа. Договорот, стапува во во сила на 1 октомври,

„Унгарија нанесе удар врз украинско-унгарските односи со исклучување на украинскиот гасовод од шемата за снабдување со гас од Русија. Ова е удар и ние мора да одговориме соодветно”, изјави министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги отфрли обвиненијата како украинско „мешање“ во внатрешните работи, велејќи дека договорот се однесува на „безбедност, суверенитет и економија“, пренесуваат медиуми