Унгарија не може да го поддржи предлогот на ЕУ да го забрани целиот увоз на руски горива без „решение“ за трошоците за прилагодување на снабдувањето со енергија и на инфраструктурата, вели министерот за надворешни работи, Петер Сијарто.

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Сијарто рече дека Унгарија не само што е без излез на море, туку и зависи од руската нафта и гас за нејзината историски изградена инфраструктура, нагласи тој.

„Овој предлог на Комисијата е огромен проблем за нас“, рече Сијарто. „Нашата рафинерија е дизајнирана за руска нафта.

За преработка на други видови нафта, ќе треба да инвестираме меѓу 500 и 550 милиони евра – за тоа ќе бидат потребни околу четири години. За да го замениме нафтоводот од Русија ќе треба да го прошириме капацитетот на гасоводот Јадранско Море, што би значело 200 милиони евра, а не знаеме колку време ќе трае тоа. А, цената на гасот во Унгарија ќе се зголеми за 55 проценти.

Сијарто истакна дека Унгарија не може да го поддржи сегашниот пакет санкции доколку Брисел не предложи решение.

Брисел размислува да обезбеди повеќе средства за Унгарија преку новата енергетска стратегија на блокот, која ќе биде објавена следната недела. Но, на состанокот во средата, неколку земји од ЕУ изразија загриженост за понудата на компензација на Унгарија.