Повеќе од 270 луѓе, задолжени за броење гласови на избори во Индонезија умреа поради замореност при рачно пребројување на милиони гласачки ливчиња.
Ариеф Пријо Сусанто, портпарол на Генералната изборна комисија (КПУ), соопшти и дека 1.878 други лица се разболеле.
Околу седум милиони учествуваа во следељњето на гласањето на 17-ти април.
Персоналот работел цела ноќ во непроветрени простории.
За прв пат во историјата во Индонезија, земја со 260 милиони жители, заедно се одржаа и претседателските, парламентарните и регионалните избори со цел да заштедат пари.
Околу 80 отсто од 193 милиони гласачи со право на глас го дадоа својот глас на повеќе од 800.000 избирачки места.
Изборната комисија во Индонезија планира да им исплати на преживеаните семејства по 2.500 долари за секој почлинат.
Победниците на претседателските и на парламентарните избори ќе бидат објавени на 22-ри мај.