Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на својот профил на Фејсбук објави видео со разговор на македонски јазик со уметникот и професор Генци Кадриу од албанскиот град Фиер, кој две години изработува во гипс композиција „Македонија“, во која е претставен дел од македонската историја.
„Мојот драг пријател, Генци Кадриу е уметник и професор кој живее и работи во градот Фиер, Република Албанија.
Неговите родители се преселиле од областа на Голо Брдо во градот Фиер во 60-те години од минатиот век.
Како познат уметник во Албанија, две години работи на композицијата ‘Македонија’ посветена на македонското потекло на неговите родители, каде во гипс ја има преставено дел од македонската историја.
При мојата посета на Фиер ја имав таа чест облиску да ја видам ова уникатна композиција за македонската посебност. Желба на Генци Кадриу е ова композиција да ја направи во бронза.
При првата наша среба од пред неколку години Генци ми кажа дека македонскиот јазик го научил од своите родители така како што го зборувале во Голо Брдо и дека српскиот, бугарскиот и грчкиот јазик не ги разбира додека со селата што се во Македонија од другата страна на границата се разбираме и имаме ист јазик“, напиша лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија.
Разговорот на Стерјовски со Кадриу на линкот:
https://www.facebook.com/1038927768/videos/239136115747710/