Само жители од околните згради на улицата „Орце Николов“ ќе смеат да паркираат на овој простор, а за сите „други“ се предвидени казни, објави порталот СДК.мк.

„Паркинг местата на потегот од бензинската пумпа ‘Макпетрол‘ до улицата Рузвелтова ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта“, велат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ .