Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сакал да се зарази со коронавирус за да им покаже на луѓето со личен пример дека „тоа не е чума“.

„Сакав да ја поминам таа етапа. За да му биде полесно на народот. Кога бевме во момент на депресија, се прибравме. Му предложив на својот народ: ‘Нека бидам заразен, веднаш ќе бидам изолиран во Банкова (претседателската канцеларија – н.з.). И ќе го преживеам нормално. Зошто за луѓето тоа беше нешто страшно и за тој што ќе се разболеше тоа значеше нешто многу лошо. И затоа преку себе си сакав да им покажам дека тоа не е чума. Во почетокот имаше многу ужасен момент, кога луѓето мислеа дека сите ќе умреме… Решивме дека е доста. Тоа беше премногу“, изјави Зеленски за весникот „Украинскаја правда“, чија што екипа помина цели два дена со шефот на украинската држава.

Но, тој додаде дека семејството немало да му го прости таквиот чекор.

„Тие би рекле дека сум луд. И во принцип би биле во право“, рече Зеленски.