Украински медиуми: Русите убија 10 цивили, кои стоеја во ред за леб (ВИДЕО)

Украинските медиуми наведуваат дека утрово, околу 10 часот по локално време, во градот Чернигов биле убиени 10 цивили, кои стоеле во ред за леб.

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе што стоеја во ред за леб во Чернигов убивајќи најмалку десетмина од нив“, пишува „Суспилне“.

„Руските трупи во еден кварт гаѓале луѓе што стоеле во ред за леб. Ова од местото на настанот го пренесе нашата дописничка наведувајќи дека гранатирањето се случило на 16 март околу 10 часот. Притоа најмалку десет цивили ги загубија животите“, се додава во веста.

„Суспилне“ на „Твитер“ објави видео од местото на настанот, но неговата автентичност сѐ уште не е официјално потврдена. Амбасадата на САД во Киев исто така соопшти дека руските сили убиле 10 луѓе што стоеле во ред за леб во Чернигов.