Три украинските дронови повторно стигнаа до небото над главниот град на Руската Федерација.

Облакодер во Москва повторно е погоден од дрон, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Неколку беспилотни летала беа соборени во текот на ноќта, рече тој, но „еден влета во истата кула во деловниот комплекс кој беше погоден во неделата.

Оштетена е фасадата на зградата на 21 кат, вели градоначалникот. Нема информации за повредени, пренесе Би-Би-Си.

Министерството за одбрана на Руската Федерација го потврди случајот.

Два биле откриени и соборени во московскиот регион.

Третото беспилотно летало сепак успеало да го погоди деловниот центар, „Москва сити“ кој исто така беше погоден пред два дена.

И повторно, московскиот аеродром Внуково ја прекина работата поради нападот.