Масовна гробница со повеќе од 440 тела била откриена во североисточниот град Изум, кој беше вратен под украинска контрола пред неколку дена.
Според претставник на регионалната полиција, луѓето загинале во гранатирање и воздушни напади, пренесе Ројтерс.
„Ројтерс“ експлицитно нагласува дека не може да го потврди тврдењето на Украина, а од Русија не е добиен јавен коментар за тврдењето.
Претседателот Володимир Зеленски, кој во средата ненадејно го посети на Изум ја обвини Русија и го спореди откритието со она што се случи во Буча, на периферијата на главниот град Киев, во раните фази на инвазијата на крајот на февруари од страна на Русија.
