Украинската државна компанија за оружје „Укроборонпром“ понуди еден милион долари за секој заробен руски воен авион. Условот е авионот да биде во состојба подготвен за борба, а понудата важи и за руските пилоти кои се подготвени да побегнат на украинската страна.
Укроборонпром, исто така, објави дека нуди половина милион долари за секој заробен руски воен хеликоптер во состојба способен за борба.
„На сите пилоти на Руската федерација кои се подготвени да учествуваат во оваа програма им гарантираме државјанство во слободна земја“, објави украинската државна компанија.