Советникот на украинскиот претседал Володимир Зеленски, ја отфрли можноста Украина да се согласи на примирје и истакна дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што ќе вклучува предавање на територии.
Отстапките тешко би ѝ се удриле на Украина од глава бидејќи Русија ќе удри уште посилно по секое примирје во војната, рече Михајло Подољак, за Ројтерс. .
„Војната нема да заврши (по отстапките). Само ќе биде ставена во мирување некое време.
Потоа ќе започне нова офанзива, уште покрвава и поголема“, изјави Подољак, главниот преговарач на Украина, за Ројтерс во строго чуваната претседателска канцеларија.
