Генералот Марк Мили, началник на Здружениот генералштаб на американската армија, ја отфрли можноста Украина наскоро да победи во војната со Русија.
Мили предупреди дека Русија сè уште има значителна борбена моќ во Украина, и покрај тоа што презема чекори наназад за време на офанзивата.
„Сега Украина има голем успех. Но, Херсон и Харков се релативно мали. Па, веројатноста Украина наскоро да постигне воена победа – а тоа значи протерување на Русите од целата нејзина територија, вклучувајќи го и Крим – не е голема“, изјави Мили, додавајќи дека Русија окупира речиси 20 проценти од територијата на Украина, поточно околу 560 милји (900 километри – н.з.) во должина и 50 милји (80 км) во широчина.
„Тоа не е мало парче земја“, објасни тој. Да се исфрлат Русите физички надвор од Украина е многу тешка задача“.
Сепак, Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од Русија сè додека тоа е потребно, порача тој, нагласувајќи дека Киев треба да одлучи кога и како да преговара со Москва.
„Украина ќе продолжи да се бори. Нема да отстапи. Украина беше слободна и сака да остане таква“, рече американскиот генерал.