„Тенкови и оклопни возила од Франција, оклопни транспортери „Бредли„ и „Мардер“ од САД и Германија, дополнителна батерија германски „патриот“, муниција и многу повеќе.



И почекајте го објавувањето на новиот американски пакет!
Дипломатскиот тим на претседателот успеа да ги убеди сојузниците дека времето на табуто против оружјето заврши“, соопшти министерот за надворешни работи на земјата, Дмитриј Кулеба, цитиран од руската служба на Би-Би-Си.

Украина влегува во решавачката фаза на војната и единствена цел и е победа, вели советникот на претседателот Зеленски.

„Може да има само една цел: победа на Украина. Ова е единствениот начин да се гарантира траен и праведен мир и безбедност во Европа“, напиша тој на Фејсбук.

Според Кулеба, оваа година Украина ќе добие оружје од сојузниците, кое не може да се добие во 2022 година.

За таа цел, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, секојдневно разговара со светските лидери, а некои од одлуките за испорака на оружје се носат токму во текот на овие разговори, рече министерот.