Украина бара брз прием во ЕУ, како што НАТО експресно ќе ги прими Финска и Шведска во Алијансата

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина изрази надеж дека апликацијата на Украина за пристапување во ЕУ ќе се разгледува брзо и дека некои лекции оп минатото се научени што може да се види, на пример, од подготвеноста на Алијансата брзо да ги прими Финска и Шведска.

Таа потсети дека НАТО-сојузниците ветија дека апликацијиите на Финска и на Шведска кои решија да се приклучат на Алијансата ќе бидат веднаш разгледани и исполнети, пренесе Си-Ен-Ен.

„Тоа покажува еден многу очигледен аргумент дека НАТО научил од политичките грешки што биле направени уште во 2008 година, давајќи ветувања без исполнување на одлуките за членство, што во основа доведе до три војни, од кои две се случуваат на украинска територија“, рече Стефанишина.

„Се надеваме дека сега кога станува збор за украинската апликација во ЕУ, тоа ќе се случи и многу побрзо“, додаде таа.