Времето во сабота ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.

Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.


-Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.), информираат од управата.