„Не смееме да трпиме уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат одлука да се влегува во државата со задолжителен PCR тест. Тоа ќе значи тотален колапс на секторот“, реагираат туристичките агенции на најавите на власта дека за оваа мерка ќе се одлучува денска на Влада.

Доколку се усвои предлогот за задолжително PCR тестирање, туристичките агенции истакнуваат дека ќе бидат приморани да излезат на улица. Можеби ќе ве интересира

„Како приватен сектор кој се бори да опстане во живот, сметаме дека доколку се донесе одлука за влез во државата со задолжителен PCR тест ќе ги поттикне сите кои веќе уплатиле за годишен одмор да ги бараат средствата да им бидат вратени назад. Тие средства се веќе уплатени до нашите партери соработници во странство. Ова ќе значи тотален колапс, а со тоа и затворање на многу од агенциите“, стои во реакцијата испратена до медиумите, пренесува Плусинфо

Дел од патниците се веќе вакцинирани, а останатиот дел кои патуваат надвор се со PCR тест или брз антиген тест што укажува на фактот дека оние што патуваат приватно и во групи се целосно безбедни. Она што се бара од надлежните институции е да се задржат актуелните мерки, велат угостителите…