Угостителите и денес на протест пред влада

Угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегуваат на протест пред Влада.

На протестот закажан за 15 часот одново ќе побараат донесување протоколи за работа на рестораните за организирани настани и да се вратат во функција сите комплементарни дејности.

Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.

Протокол за работа чекаат веќе една година..