Угостителите бараат една даночна стапка од 10%, а добија три

Од 1-ви јануари 2021 год, наместо една единствена даночна стапка уостителите добија три стапки на данок на додадена вредност, реагира Независна угостителска комора (НУК) на владината помош за угоститителите, во рамки на четвртиот сет економски мерки, со кои се намалува ДДВ-то во угостителската индустрија.

„Со предизборните кампања на угостителите им беше ветено унифицирање на данокот на додадена вредност со една единствена даночна стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги. За жал Владата истата ја спроведе со парцијално решение на воведување на данок на додадена вредност во висина од 10% исклучиво за услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Со воведување на новата повластена стапка останаа во важност претходно важечките стапки во висина од 5% и 18% со што од 1ви Јануари во угостителската индустрија постојат 3 стапки на ДДВ и тоа 5%, 10% и 18% што на некој начин со почетокот на новата 2021 година создаде хаос во работењето“, појаснуваат од НУК.

… Дополнителен проблем, додаваат е и тоа што фискалните уреди не се подготвени новата пресметка, а правилникот од Министерството за финансии за начинот на воведување на новата стапка на ДДВ е објавен само еден ден пред почетокот на неговата примена, велат од НУК.