Угостителите нерзадоволни што Владата и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК).

Според НУК, при крај е трпението на угостителите кои чекаат време и покана за работна средба со Владата на која и даваат рок до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија.

Сите индустрии добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки, само за угостителската континуирано се носат препораки и протоколи со ограничувања за работно време, смета НУК и нагласува дека неискористени средства од четвртиотиот сет мерки за субвеција на плати има повеќе од 15-тина милиони евра кои може веднаш да се наменат за јануарска и февруарска субвенција за плати во угостителската индустрија.