Наместо конкретно да одговори кои чекори се преземени во врска со 55 милиони евра, пари кои криминалната банда „Тотобо” ги заработила со илегално обложување во Турција, Германија и Македонија, Управата за финансиско разузнавање со недефинирано објаснување до редакцијата на МКД.мк на кој начин работи според законските надлежности.

Управата за финансиско разузнавање ја води Блажо Трендафилов, Струмичанец близок на семејството на екс премиерот Заев.

Во одговорот испратен до редакцијата на МКД.мк во врска со криминалот на бандата „Тотобо”, со кој постои сомнеж дека биле заработени големи пари, а истите преку криптовалути завршиле во Македонија, било појаснето дека „секоја информација и податок по кој постапувала, го имала, го има или ќе го добие Управата, истиот бил, е и ќе биде навремено доставен и споделен со надлежните органи на домашно и меѓународна ниво”.

Според информациите од Турција огромни 55 милиони евра од нелегално коцкање биле префрлени во Македонија а домашните институции досега не реагирале за овој криминал кој е можно да завршувал кај терористичка група.

Целата информација на овој ЛИНК

Што досега откри турската полиција

Фантастични 55 милиони евра ,,испрани” во Македонија од ,,коцка”