УЕФА ѝ се смилува на Струга – наместо во Елбасан, против Бреидаблик во Охрид

Фудбалерите на македонскиот првак Струга Трим Лум, сепак, нема да мораат да го пречекаат исландски Бреидаблик во албанскиот град Елбасан, откако УЕФА им дозволи да бидат домаќини во Охрид на првиот натпревар од плејофот за Лигата на конференциите.

По елиминацијата на Есперанж, и покрај поразот од 2:1 во реваншот синоќа во Луксембург, стружани ќе ги пречекаат Исланѓаните, исфрлени од Зрињски во квалификациите за Лига Европа, на 24 август од 17 часот на обновениот стадион „Билјанини извори“. Таму Струга го пречека Жалгирис во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, како и со Будуќност во второто коло од квалификациите за ЛК.


Единствениот преостанат македонски претставник во еврокуповите не може да игра на Националната арена „Тодор Проески“ поради катастрофалната состојба на тоа што беше тревник, па со Есперанж беше домаќин на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.