Ученици од основно училиште во Струга не сакаат да учат во руина

Родителите на децата од ОУ „Браќа Миладиновци“ се заканија дека  оваа учебна година нема да ги пуштат своите деца да учат во руинираните простории на училиштето.

Поддршка добија и од Алијансата на Албанците од каде велат дека ѝ даваат рок на општината до 15 ти септември  учениците да се префрлат во новите простории, „во спротивно  ќе ги поддржиме родителите во секоја нивна иницијатива. Овие деца не заслужуваат да учат во мизерни простории и ваков пристап на општинските власти кон нив“.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од градоначалникот Рамиз Мерко.

„Господине Мерко продадете го ‘аудито’ и обезбедете им на децата ако ништо повеќе тогаш барем основните услови за учење. Со вакви стандарди, многу сме далеку од Европска унија. Оставка веднаш. Струга не заслужува ваква мизерија и уназадување“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порталот ОФФ.Нет денеска објави фотографии за состојбата на споменатото училиште.