Жестоките обвинувања на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кон малите владини партнери на СДСМ и ДУИ.

Николовски на седницата за избор на нова влада во Собранието ги обвини партиите, ДОМ, Демократски Сојуз, Народна, ЛДП и ДПТ дека се уценети или се криминализирани и затоа седат во владата.

Тој на овие партии им порача дека за да ја видат својата вредност кај граѓаните треба на наредните избори да излезат сами.

Лидерите на споменатите партиите засега се без реакции на социјалните мрежи за жестокиот напад од Николовски.