Албанскиот министер за внатрешни, Сандер Лешај, поденсе оставка, а премиерот Еди Рама ја прифати, по убиството на 25 годишник застрелан од полицијата што предизвика протести во земјата.

Клодијан Раша бил убиен бил убиен за време на полицискиот час, додека одел да купи цигари.

Полицијата прво соопшти дека Раша не послушал наредба на полицаец да застане и дека носел оружје, но подоцна е јавено дека тој држел предмет, но не и оружје.

Илјадници луѓе два дена протестираа во Тирана со слоганот „Бараме правда!“.

Демонстрантите синоќа запалија новогодишна елка и се обидоа насилно да влезат во Министерството за внатрешни работи.