Убиениот синоќа во Приштина бил од скопски Чаир

Блерим Дачи бил ликвидиран синоќа во Приштина откако во неговото возило било пукано од друго возило со калашников.

Застреланиот Блерим Дачи, користел лажни документи на име Блерим Шабани.

Возилото од кое било пукано е најдено запалено на патот кон Грачаница, а внатре полицијата нашла два калашникови, јавуваат косовските медиуми.

Упатените дознаваат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница, но полицијата не успеала да ги фати, пишува косовски ГазетаЕкспрес.

Возилото на Дачи било со македонски регистарски ознаки, СК 7711 BK.

Инаку Дачи на полицијата и во Македонија и во Косово е познат по трговија со дрога, обвинет за нелегално држење на оружје и – како повратник од боиштата во Сирија, дознава МКД.Мк