Убиена новинарка во немири во Северна Ирска

Убиството се случи за време на демонстрациите по повод 100-годишнината од ирското востание против британската власт.

Новинарката Лира Мекки(29) известувала за демонстрациите, а полицијата одлучи убиството во градот Лондондери да се третира како терористички акт.

Настанот се случи за време на демонстрациите по повод одбележувањето на 100-годишнината од Велигденското востание, или Ирското востание против британската власт од 1919.

Полицијата се сомнева дека за фаталното убиство стои дисидентскаа група на ирската републиканска армија, Нова ИРА.

Претседателот на Шин Фејн, ирската национално движење и левичарската Републиканска партија, Мишел О’Нил го осуди овој напад, како што направи и лидерот на Демократската унионистичка партија во Северна Ирска (ДУП) Арлен Фостер.

Во немирите минатата ноќ,  демонстрантите фрлале молотови коктели кон полицијата а во некои делови на градот се слушнале истрели.