Ширин Абу Аклех (51) известувала од напад на израелската армија во бегалскиот камп Џенин кога била застрелана во лицето, објави Ал Џезира.

Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала, а нејзината смрт е потврдена и од арапскиот канал на Ал Џезира и од палестинското Министерство за здравство.

Уште еден палестински новинар кој работел за „Ал Кудс“, со седиште во Ерусалим, е ранет, но е во стабилна состојба.

Во меѓувреме, во соопштението од медиумската мрежа Ал Џезира го осуди убиството на новинарката кое ги крши меѓународните закони и норми и ја нарече смртта на Абу Аклех како грозоморно злосторство, преку кое има за цел да ги спречи медиумите да ја исполнат својата задача.

„Ние ги сметаме израелската влада и окупаторските сили одговорни за убиството на покојната колешка Ширин“, се вели во соопштението.

Медиумската мрежа „Ал Џезира“ ја повика меѓународната заедница да бара одговорност од израелските окупаторски сили за нивното намерно убиство на Абу Аклех.