Во Истанбул е убиен водачот на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ кој пред една година беше откриен меѓу 215 странски криминалци на кои МВР на Оливер Спасовски им издале македонски пасоши со туѓи идентитети.
Вукотиќ според македонскиот пасош со кој патувал низ светот се вика Георги Андонов.
Вукотиќ во досиејата на тајната полиција бил означен како апсолутен водач на криминалниот Шкаљарски клан.
Вукотиќ беше во бегство, а црногорските правосудни органи по него распишаа потерница пред една година.
Вукотиќ беше уапсен и во Турција во септември 2018 година, кога беше екстрадиран во Србија. Тој беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика.
Специјалното државно обвинителство (СТП) го обвини дека во ноември и декември 2020 година формирал криминална организација за ликвидација на водачите на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан и Радоје Звицер. Тие ликвидации наводно ги „нарачал“ преку шифрираната Sky ECC апликација.
Војната меѓу двата клана започна на крајот на 2014 година кога исчезнаа 300 килограми кокаин во шпанското пристаниште Валенсија. Прва жртва во војната бил Горан Радоман, близок на Шкалјарите, по чија смрт имало низа убиства од двете страни.
Во судирот на кланови загинаа најмалку четири случајни жртви.
Македонските власти никогаш не открија кој освен Вукотиќ има добиено македонски пасош од МВР на Оливер Спасовски. Јавноста не знае кои се луѓето кои како и Вукотиќ слободно шетаат низ светот со македонски пасоши.
За аферата Двојник беа осудени 7 лица но никогаш не беше откриено кој во врвот на МВР ги организирал осудените лица.
Судијката на случајот Оља Ристова пред десетина дена јавно призна дека обвинителството и полицијата селектирала кого ќе гонат за оваа афера и не гонеле никого од врвот на МВР.
Повеќе детали за аферата Двојник
Судијка открива дека и по пресуди за ,,Двојник” МВР продолжува издавање пасоши за криминалци (ВИДЕО)