На Косово денеска мртов е пронајден сведок на Специјалниот суд во Хаг пронајден мртов.

Според косовските и српските медиуми се работи за поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК во кој се чувале Срби.

Како што наведува косовскиот весник „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.

За случајот се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.

„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.

Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој бил примен во полицијата по 1999 година. Засега нема официјална потврда дали Суљевичи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК, кои ги гони судот во Хаг.

Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија за него пред десетина години издаде потерница за него преку Интерпол.