Убиецот на Џон Ленон останува во затвор

По 11 пат, Одборот за помилување го одби барањето на убиецот на Џон Ленон да биде пуштен на условна слобода.
Марк Дејвид Чепмен (65) издржува казна затвор во траење од 20 години доживотен затвор за убиство на Ленон, еден од легендарните Битлси, а подоцна и соло уметник.
Чепмен го имаше своето 11-то сослушување пред Одборот за помилување на 19 август, пренесе Си-ен-ен.