Уставниот суд веќе поништил закон без потпис на претседател

Уставниот суд веќе има искуство со закон и указ на закон кои биле објавени без потпис на претседател на државата како што тоа сега се случува со Законот за јазиците и уставните измени.

Во ноември 1998 година уставните судии со гласање поништиле закон кој бил објавен во Службен весник на РМ а на чиј указ не стоел потпис на тогашниот претседател Киро Глигоров туку на спикерот на Собранието Тито Петковски.

Со својата одлука уставните судии го поништиле и законот за знамињата на малцинствата и указот со кој законот стапил во сила откако бил објавен во службен весник.

Иако во Македонија нема прецедентно право и оваа одлука на уставниот суд не може автоматски да се примени во случајот со Талат Џафери и неговите потписи, сепак таа дава добра основа и правна пракса за начинот на кој може да заврши неуставното и незаконско прогласување на закони од страна на директорот на ЈП Службен весник.