Вевчанецот Ѓорѓи Влајкиноски кој беше уапсен завчера од страна на полицијата во Вевчани за време на карневалот во кој тој не учествувал е поканет на распит во полициска станица во Струга.

Во поканата пишува дека тој треба да дојде веднаш во полициска станица односно не пишува точно во колку часот што е надвор од вообичаените протоколи на МВР.

“#ПолицискаДржава
Во секој случај, покултурно е ко ќе е со #Покана” напиша Влајкиноски објавувајќи ја пораката.

Од стотиците граѓани кои беа дел од карневалот во Вевчани или кои ги снимаа Василичарите полицијата го уапси само Влајкиноски иако на настанот од видеата се гледаат десетици луѓе кои не носат маска а полицајците го апсат само него.

Влајкиноски е лидер на локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ што за многумина е сигнал дека тој е жртва на политички реваншизам и селективна правда на министерот Оливер Спасовски кој во име на СДСМ го води МВР.

https://twitter.com/gjorgjiVV/status/1350140433553354753?s=19