„Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар.

Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец.

При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215, велат од МВР.