Уапсен лидерот кој бараше независност за Каталонија

Поранешиот каталонски претседател и Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од 2017 година по обидот за отцепување на Каталонија на референдумот за кој Шпанија заклучи дека е неуставен, уапсен е во четвртокот во Италија, потврди неговиот адвокат.

„Каталонскиот лидер е приведен во Алгеро, Сардинија“, напиша неговиот шеф на кабинетот Жосеп Луис Алеј на Твитер.

По пристигнувањето на аеродромот во Алгеро, тој беше уапсен од италијанската полиција, а во петок ќе се појави пред судиите во Сашари, кои ќе одлучат дали ќе го ослободат или ќе го екстрадираат“, додаде Алеј.

Пуџдемон (59) кој беше и европратеник се бара во Шпанија поради обвинувања за бунт и неговите обиди да го оддели каталонскиот регион од Мадрид на референдум во 2017 година. Кратко време по тоа, Пуџдемон избега во странство, додека другите што останаа во Шпанија се соочија со судења.

Европскиот парламент во март го укина имунитетот на Пуџдемон и на двајца други независни пратеници, одлука што Европскиот суд на правдата ја потврди во јули. Сепак, одлуката на Европскиот парламент се обжалува, а конечната одлука на судот допрва треба да се донесе.