По шестгодишен азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, денеска беше уапсен основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Асанж беше насила извлечен од амбасадата каде беше засолнет со години во страв од екстрадиција во САД.

Викиликс го обвини Еквадор за нелегално укинување на политичкиот азил на Асанж во амбасадата и со тоа за кршење на меѓународните закони.

Односите на Асанж со официјалните претставници на Еквадор значително се влошија откако на власт дојде новиот претседател Ленон Морено во 2017 година.

Асанж (47) е во амбасадата на Еквадор во Лондон беше јуни 2012 година да избегне екстрадицијата во Шведска, каде е обвинет за силување и сексуална злоупотреба, што тој го негира.

Асанж сможеше да биде уапсен во секој момент доколку го напушти просторот на амбасадата.

Џулијан Асанж оправдано стравуваше дка доколку биде предаден на Шведска, тој оттаму може да биде екстрадиран во САД каде е отворена истрага поради „Викиликс“ која објави стотици илјади страници дипломатска кореспонденција и на тајни воени документи на САД.

https://www.youtube.com/watch?v=8oqJiNzJQ_E
https://www.rt.com/news/456213-assange-dragged-out-embassy/?utm_source=browser&utm_medium=push_notifications&utm_campaign=push_notifications