Извици ,,уааа” и свирежи можат да се слушнат на видеото снимено пред црквата Свети Спас каде денеска се одржува свеченост во чест на 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Двете делегации кои беа избројани беа предводени од шефот на државата Стево Пендаровски и вицепремиерот Артан Груби.

Покрај свирежите и негодувањата за однесувањето на властите во Скопје кон Гоце Делчев присутните извикуваа и ,,никогаш северна само Македонија” и други пораки.

Протестот се случи пред влезот на Свети Спас на триесетина метри од гробот на Гоце Делчев.