Твитерџика од Бугарија: Сочувство Македонија! Срцето ми плаче

Користејќи го македонското знаме со сонцето од Кутлеш како илустрација на својата објава на Твитер, Вјара Мартинова од Бугарија ги освои симпатиите во Македонија со своето сочувство за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“.

„Сочувство Македонија! Срцето ми плаче“, твитна Мартинова.